ГЛАД ЗА ТРЕНИНЗИ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Одмор е во фудбалот. Иако е три недели зимска пауза, некои од фудбалерите на Победа тренираат секојдневно. На стадионот има неколкумина кои трчаат кругови или прават разни вежби. Таму се заздравените од повредите, Јорданчо Наумоски и Игор Паноски. И Ганецот Ерик Амо има, реши активен одмор. Се приклучуваат и други. Се чека првиот собир за почеток на зимските подготовки, некаде по Божик кога ќе се види кои фудбалери остануваат, кои заминуваат, кои се потенцијалните засилувања. Има уште една енигма – дали Бобан Бабунски или некој друг ќе биде тренер.

Неофицијално, се прават напори дел од подготовките да се реализирале во странство.

Loading