В САБОТА ПОЧНУВА БОРБАТА ЗА ПЕХАРОТ

Мал фудбал

Триесет и две екипи поделени во осум групи в сабота ја почнуваат битката за пехарот и паричните награди од јубилејниот, десетти Хуманитарен турнир во мал фудбал “Свети Никола”. Во салата од ОУ “Добре Јованоски” ќе се претстават професионалци, аматери и рекреативци во сениорска и пионерска конкуренција. Бројката се очекува да биде околу 900. Интересно е што, освен од Прилеп, ќе има учесници од други градови, Скопје, Охрид, Кавадарци, Битола… Организациониот одбор со Здружението на спортови “Марков град” и покровителите, компанијата “Комфи ангел” и Општина Прилеп, одлучија дел од приходот од влезниците по 50 денари да биде за хуманитарни цели.

Последен победник на турнирот, пред три години, беше Фенербахче од Кичево.

Loading