ПРИЛЕП Е ЕСЕНСКИ ПРВАК!

Пинг-понг

Надмоќен над сите противници е тимот Прилеп, во пингпонгарската машка Втора лига. По победите над битолски Пелистер (4:1), кочанскиот Хепи (4:1), Саса од Каменица (4:0), најнови се со скопски Студент (4:1) и со велешки Патриоти (4:2). Придонес имаат: Александар Штаркоски, Бојан Базерковски, Бранимир Димков и Рубинчо Ристески. Ристески е најдобар во цела лига, со 9 победи на 9 партии.

Прилеп е есенски шампион со 10 бода, пред Пелистер со 8.

Loading