ПОМОШ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Извршниот одбор на Здружението на пензионерите даде зелено светло за фанансискиот извештај за минатите 9 месеци. Извештајот првин го визира Надзорниот одбор, констатирајќи дека се работело домаќински.

Заради штедливоста, Здружението располага со средства. Дел се остаток од намалената активност заради ланската пандемиска година. Има повеќе средства отколку што се потрошиле годинава.

Комисијата за здравство и социјала трипати ќе додели повеќе од 1,5 милиони денари, планирани за годинава. Само 700 илјади денари се  доделени на членови кои користеа или ќе користат бањско лекување. Според правилникот, на членството му се доделени повеќе од 300 илјади денари за Велигден. Преку посебни одбори на 19-те разграноци за Нова година ќе бидат распределени повеќе од 500 000 денари во ваучери за набавка на прехранбени и други производи.

Извршниот одбор позитивно се изјасни за извештаите на Комисиите за спорт и рекреација. Изрази задоволство за освоеното трето место на спортската пензионерска “олимпијада”. Даде виза за извештајот за култура, за организираните екскурзии и двата успешни пикника – дружења.                

Loading