ЗДРУЖЕНИЕ НА ”ЗАКРПЕНИТЕ!?”

– Цане, брате, кај акна, неврат фати. Жедни сме за драпачки, а тебе око не може да ти се види, ко в земја да пропадна?

– Лесно се драпа на тујџ есап. Прашај ми ја душичкава, после чешај се.

– Душата да не ти ја побара Св. Арангел? Чекаме да драпаме нешто и да си ја ладиме душата.

– Шо натежнало толку многу?

– Струја, комуналии, бензин, Европа, шо треба уште! 

– Мајтапот на страна, бев на кируршко, на опарација. Кило, ама поминав со арно арно. За една недела нé скроја седумина. Ко се отрезнивне, сите килави. Нема кој да потстани, чаша вода да ти дај.

– Како се снајдувавте?

– Одржавме изборно Собрание. Само баце         Коле од демирхисарско не беше килав. Беше собоначалник и олеснувач. Танас од Витолиште стана политички секретар, да има некој да поднесува амандмадиња, членови бевме Богоја шоферо, Спиро од штавичко маало, агата Ирфан од Тризла, Стале мајсторо од Дуње и јас.

– ЕУ, ОН, парламенто, партиве че прифата некоја одлуки…? 

– За малото прсте, не можа да ни се ватат. Вункциониравме на ниво. Коле стана претставник кај лекарскиот конѕилиум, Танас ги токмеше прашањата. Богоја водеше сметка кој како проодува, како ни вункционираат ауспусите. Спиро бележеше визитари, а Стале, кого го вијаја колениците, беше задолжен за временцката прогноза.

– И?

– Вормиравме Здружение на килавите. На следните избори ќе прерасниме во партија.

-Порно е да се викате Здружение на закрпените!

Loading