ПЕНЗИОНЕР ТРЧАШЕ ОД ПРИЛЕП ДО КРУШЕВО

За годишнината од смртта на Тоше

Почит со трчање и пешачење од Прилеп до Крушево за 13 годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески изведе прилепскиот пензионер, на 71 година, Кирил Велкоски. Утрото на 16 октомври, на денот кога згасна ивотот на македонската ѕвезда, тој трчаше од споменикот во Прилеп до спомен собата во Крушево во должина од околу 40 километри.

– Сакав да му оддадам почит на младиот интерпретатор, кој загина пред 15 години, за неговиот придонес не само како македонски популарен пеач на забавни песни на балканската сцена, туку и како голем хуманист. Истрчав од Прилеп до Кривогаштани и понатаму, а на нагорнините брзо одев. Рутатата ја завршив за 4-5 часа со поклонување на вечниот дом. Сакам постхумно уште повеќе да сјае вечната “ѕвезда” на Тоше – вели пензионерот Велкоски.

Loading