ЧУТУК, МОЖИ И ПЕЊУШКА

Лексичките грешки, употребата на погрешни или на туѓи зборови може да ги забележи и човек кој не е многу верзиран во јазичната проблематика. А грешките од областа на синтаксата ретко некој ги забележува. Но, тие не се помали и поневажни. Напротив! Ги имамногу, премногу. Редот на зборовите во реченицата се користи (погрешно) како во српскиот јазик. Но, луѓето кои се зафатиле за перото, воопшто не размислуваат на тој проблем. Всушност и не го чувствуваат како проблем.

Овој пат ќе приведеме само една (погрешна) реченица: “Кога Бугарите и останатите заедници ќе бидат внесени во Уставот”? Навидум, се е во ред. Никој не размислуваза евентуална недоследност во реченицава. А ја слушнавме од новинарката и ја прочитавме на кајронот. Неброено пати сме рекле дека во прашалните реченици, по прашалниот збор, доаѓа глаголот. Можат тука да влезат само некои кратки зборчиња, како на пример, кратките заменски форми. Нормалната реченица би гласела: “Кога ќе влезат во Уставот Бугарите и другите заедници?”. Овде има пример за тоа дека пред глаголот “влезат” има кратко зборче “ќе” . Значи, погрешна е конструкцијата на целата реченица. А, онаа редовна грешка се повторува – ОСТАНАТИ. Зошто не се вели другите, туку останатите? Никаде тие не се останати. Избил пожар во Беровско. Компетентна личност објаснува дека опасноста е голема зашто во наредните денови ќе сме имале потопла температура.Какванелогичност! Па зборот температура значи топлина. Од ова излегува дека во наредните денови ќе имаме потопла топлина.

За истиот пожар зборува и друга, истотака, компетентна личност. Објаснува дека опожарената шума била исечена пред неколку години и биле останати само пањеви. ПАЊЕВИ! Чудно, зошто човекот го употребува овој српски збор. Барем тоа е кај нас доста познато. Кој не слушнал за зборот ПЕЊУШКИ. Може и ЌУТУЦИ. Тие зборови се употребуваат не само при исекувањето на дрвјата, туку и во една друга, навредлива смисла.Зар малкупати сме слушнале да му се вели на некого – “ЌУТУК еден” или “ПЕЊУШКО една” . Јасно е на кого му се упатуваат такви “комплименти”.

Односниот господин ги заобиколил нашите зборови и го зел српскиот збор – ПАЊЕВИ. Големите горештини преку летото предизвикуваат и здравствени проблеми. Ангажиран бил при таквите ситуациии Црвенио ткрст. Слушаме ваква речениа: “Црвениот крст пружа помош”! Пак српскизбор – пружа. Зошто? Зошто да не се рече дека црвениот крст помага, укажува помош, дава помош … Тој глагол “пружа” кај нас секогаш е префиксиран и има поинакво значење. Некој ќе се испружи на тревата, голманот се испружи колку што е долг, но не успеа да ја фати топката.Некој ќе ги спружи алиштата да се сушат. Значи, глаголот е секогаш префиксиран и има сосема поинакво значење од она дејство што го прави Црвениот крст. Слична грешка се правии со глаголот “бира” (бираме, бирате) и тој во нашиот јазик е секогаш префиксиран – избира, одбира, пребира и слично. А редовно слушаме дека некаде се бирале пратеници, некаде се бирал претседател и којзнае уште што. Ние ИЗБИРАМ,Еа не БИРАМЕ!

Слушнавме на некоја од нашиве ТВ декасесобирало лебното жито. А, дали постои некое друго жито, кое не е лебно? Зошто не се вели дека се собира житото, туку се вели ЛЕБНОТО жито. Едноставно – се собира ЖИТОТО, а се знае дека е тоа лебно. Некогаш слушаме дека се собираат лебните зрна. Тоа може. Тоа е точно. Постојат разни зрна, но сега станува збор за лебните зрна.

Уште една друга нелогичност. Реченица: “Кочанските пензионери останале без огревнодрво”. Зошто таа именка “дрво” се користи во еднинска форма? Никој не купува едно дрво! За огрев, сите купуваат дрва, а не дрво. Чувме дека се забранува извоз на огревно дрво. Зошто не ДРВА?

Loading