ЦЕЦА МУ ДАЛА 100 ЕВРА БАКШИШ НА ЗЛАТЕ

На Кипар

Прилепчанецот Злате Андоноски, кој со години е солист на бузуки низ Грција и Кипар, годинава уште еднаш беше пријатно изненаден од српската мега, фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ. На средбата во една таверна на популарната плажа Аја Напа, Цеца побарала изведба на една грчка тажна песна. Андоноски ја “навезил” на струните од бузуката и ја разнежнил, разбудувајќи посакувани чувства. Цеца како изведувач, ги знае манирите на уличните музичари, и го наградила Андоноски со 100 евра. Плус, српската дива дозволила да се фотографира со уличниот колега.

На Андноски ова не му е прва средба со Цеца на островот на Медитеранот. Уште пред неколку години í сврил на бузуката неколку песни на нејзинот уво. Таа била воодушевена од виртуозното движење на прстите на жиците и на изведбата на Македонецот на типично грчкиот инструмент.

Андоноски секое лето ги забавува туристите по рестораните и таверните. Последниве две години отсуствуваше поради ковидот. Бузуката ја замени со работа во Германија. Ова лето пак се врати да им ги полни душите на посетителите на Кипар, меѓу кои има и Македонци, на кои на бузуката им свири македонски песни.

Цеца пак, летно време ги полни батериите на омилениот катче приватност на Кипар, каде често престојува во својата вила. Меѓу два концерта, може да се види како се шета со пријателите и роднините на ривата во Ларнака и други туристички места на островот.

Loading