ПАРТАЛ ЗНАМЕТО ЗА ПРАЗНИКОТ

Со партал знаме на јарболот во центарот на градов, прилепчани го дочекаа празникот на независноста, 8-ми Септември. Испокинато и уништено не се вееше, наместо да се виори и да предизвикува буење на чувствата за гордост кај граѓаните. Македонското државно знаме неколку денови, наместо да го краси градот, се пафта, парче сторено од силните дождови и ветер кои го зафатија регионов.

Градот херој наместо да го краси државниот симбол, расцепеното знаме беше срам и понижување за жителите за празникот на независноста. Грбот и знамето не смеат да се употребуваат ако се дотраени или искинати. Треба да се повлечат и заменат. За одржување на знамето на јарболот надлежна е Службата за општи и заеднички работи при Владата. За сменување на знамето, реагирале и од Општината. Локалната самоуправа се грижи само за знамињата поставени низ улиците за одбележувања на државните празници и пред локалните институции.

Народната вели: Руба краси – руба гнаси! Или, партал знаме, парче држава!?

Loading