ПЕРКАНОСКА МЕЃУ 20-ТЕ НАЈУСПЕШНИ МЕНАЏЕРСКИ

Даниела Перканоска, генералниот менаџер на Автоконтрол е меѓу 20 успешни менаџерки и бизнисменки кои се дел од годинашната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери” која, агенцијата Марили традиционално веќе 26 години е поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис.

Прогласувањето и врачувањето на наградите ќе биде утре во Охрид. На најуспешните менаџерки, меѓу кои има и од регионот, ќе им бидат доделени статуетки „Жена водилка”, изработени по дизајн на македонскиот вајар Никола Смилков. Ќе се одржи и бизнис форум насловен „Современа бизнис раскрсница”.

Loading