ПРОФИТ ОД 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Во Тутунскиот комбинат

Тутунски комбинат (ТКП) лани оствари добивка од 2,2 милиони евра. Ова е трета година по ред, по 20 години меѓу загубарите во земјава. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 000 денари, а во 2020 година – 31.004 000 денари. Добивката е резултат на продлабочувањето на соработката со стратешкиот партнер Филип Морис. Подигнати се стандардите за квалитет, продуктивноста, да се зголемат капацитетите, а со тоа и продажбата. Преку партнерството со Филип Морис во заедничката компанија ФМТКП, значително е подобрена инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови. Компанијата ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.

Приходите изнесувале 18 милиони евра што е зголемување од 22 отсто од 2020 година. Растот е плод на растот на продажбата. ТКП ги одржа трошоците речиси како во 2020 година. Лани финансиските приходи се зголемиле од 107.929 000 денари на 196.415 000 денари, што претставува раст од 80 отсто во споредба со 2020 година.

Loading