СУРАТИТЕ ПАК НА УЛИЦА

Карневалот Прочка

По пауза од две години, повторно се враќа сјајот на карневалот Прочка, додуша без епитетот меѓународен поради сложените протоколи. Од денска до недела Прилеп ќе биде домаќин на околу 500 маски од земјава во 15 групи. Веќе се најавени групи од Охрид, Куратица, Кавадарци, Пробиштип и неколку други градови на дефилето во центарот. И традиционалните Прилепски мечкари ќе парадираат во автентичните крзнени сурати и облека, играјќи ритуални танци. Жири ќе подели три награди за групни и три награди за поединечни маски.  

-Според здравствените протоколи, полека се враќа блесокот на карневалот и радоста на традицијата на домаќините и на гостите – истакна градоначалникот Јовчески.

Снежана Ристеска – советник за култура карневалот го промовира Прилеп.

-Денеска ќе се отвори изложбата на маски, креации на децата од соновните училишта во ЦК “Марко Цепенков”. Покрај дефилето в недела, ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции. Сето тоа ќе се круниса со заедничка забава и концерт на групата Фолтин на централната бина – рече Ристеска.

Ванчо Георгиев, од здружението Прилепски мечкари, најави демонстрација на нови костими со автентичната орнаментика.

Кафетериите и рестораните ќе имаат продолжено работното време.

Во понеделник ќе се организира традиционалнниот посен ручек во манастирот Свети Ѓорѓија.

Loading