ДИГЕСТОР ЗА ПАТОХИСТОЛОШКИ АНАЛИЗИ

В болница монтиран е дигестор за подобри и посовремени услови за работа за персоналот во службата за патологија.

– Со вградениот систем за вентилација се олеснува и се забрзува подготовката на ткивата и примероците кои пак со наодот треба да помогне во поставувањето на дијагнозата на болниот. Апаратот го чува здравјето на персоналот од вдишување на опасните испарувања. Некогаш се чекаше долго на резултатот од патохистолошките испитувања. Со многу ентузијазам, се добива наодот најмногу за 5 – 7 дена за најсложените и најдолгите испитувања кои бараат и неколку обработки и премачкувања до точниот резултат. Уредот е отпорен на корозивни и токсични материи – информираат од Општата болница со проширена дејност.  

Набавен е со средства од болницата.

Loading