ОД ХОТЕЛ ЈАДРАН НИКНА ПРИЈАТНО МЕСТО ЗА ОДМОР

Слики на минатото

Една од некогашните гордости е хотелот Јадран. Остана само убав спомен на кој се сеќаваат постарите зашто будел пријатни мигови. Хотелот на Чесновци бил место за чамче муабети на боемите, за мајтапи мангуплаци, кападаилаци, место за средба на комарџиите, кафанџиите, за ноќевања и гоштевања на гости. Капаче на уживањето биле милозвучните гласови и струните на тамбурите на прилепските тајфи на чалгаџии, Шиндевци. Дури имало и летна бавча. Го посетувале сите, од случајни минувачи до кафеански љубители. За жал, од Јадран не остана ништо уште во 80 тите години, но многу љубови, многу доживувања се врзани со него. На местото никна плоштадот со парк и катче за одмор.

Штета е што исчезна ваков дел од лицето на Прилеп, зашто градбата на три ката пленела со уникатност не само со фасадата и балконите.

Loading