Прилеп, пак со неславен рекорд: ШЕСТМИНА ПОЧИНАТИ ДЕНЕС ИЛИ ВКУПНО 120 ПРИЛЕПЧАНИ

Шест пациенти од Прилеп се починати во изминатите 24 часа како последица на короната. Вкупно починати се 15 лица во Македонија или повеќе од една третина од умрените се од нашиот град. Битката со вирусот Ковид 19 само за едно деноноќие ја изгубија шестмина прилепчани и тоа двајца на 65 годишна возраст, тројца на 69г. и еден на 72 години.

Infektivno oddelenie
Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 од кои 83 во Прилеп.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 17 до 23-ти ноември, од последиците на коронавирусот, починале 18 лица, без денешниот загрижувачки рекорд. Во општина Прилеп имало 425 нови случаи на коронавирус само за една седмица. Или вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 2.608 од почетокот на пандемијата. Од коронавирус починале 114 лица односно со денешните шест, вкупно 120 прилепчани.

Loading