Дејан Проданоски е новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Одлуката ја донел Извршниот Комитет на партијата. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Петар Ристески. Проданоски до сега беше потпретседател на општинскиот комитет. Тој е и советник во Советот на општина Прилеп.
-Проданоски е вистинскиот избор за прв човек на еден од најголемите комитети во државата и човек кој ќе го поведе членството кон нови победи.ВМРО-ДПМНЕ е партија која изобилува со кадри, а изборот на Дејан Проданоски за прв човек на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ќе донесе обединување, посветеност и работа. Градиме тим од чесни, лојални и посветени луѓе, тим кој ќе предложи конкретни предлози и решенија за справување со последиците предизвикани од пандемиjaта со корона вирусот, како и конкретни проекти за развој и напредување на Прилеп. Сега е вистинското време за обединување. Како Општински комитет ги повикуваме сите граѓани, интелектуалци, членови и симпатизери на партијата, да се вклучат и да помогнат во нашата борба, а тоа е ставање крај на лудилото, кое во изминатите 3 години го наметна Зоран Заев и неспособната локална самоуправа, предводена од градоначалникот Илија Јованоски.ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на чело со новиот претседател Дејан Проданоски ќе изгради тим на луѓе кои ќе бидат блиски до народот и ќе донесат голема победа на локалните избори идната година – се наведува во соопштението за јавноста од Центар за комуникации при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.