ВОДА И ОВОШЈЕ В БОЛНИЦА ДОНИРАА ФРИЗЕРИТЕ

Вода и овошје за болните од корона и за медицинскиот персонал донираа денеска фризерите и спортистите.

Donacija v bolnica 1

На иницијативата на Секцијата на берберите, фризерите и козметичарите од градов, им се  приклучија и дел од спортските клубови кои донираа значителни количини на пакети со пластични шишиња со вода и овошје наменети за хоспитализираните пациенти од Ковид  и за медицискиот персонал кој со месеци се справува со пандемијата.

Donacija v bolnica 7

 

-Еснафот…фризери, бербери и козметичари, со брза акција, заедно со наши сограѓани и фирми донираа за болницата и веднаш се внесуваше во болницата, пред се заради безбедносни и хигиенски причини, со почитување на сите мерки за заштита. Здравјето пред се. ПРИЛЕПЕ…КОЛЕГИ…ДА СТЕ ЗДРАВИ И ЖИВИ СИТЕ – напиша на ФБ, фризерот Крешимир Здравески, кој практично е и иницијаторот на хуманитарната акција.

Donacija v bolnica 2

Donacija v bolnica 3

На акцијата за помош, денеска се приклучија и  спортистите координирани од спортскиот ветеран Киро Здравески.

Loading