НАЈМЛАДАТА ЖРТВА ОД КОРОНАТА, ПАК Е ОД ПРИЛЕП

Прилепчанец на 45-годишна возраст е најмладата жртва од коронавирусот во последните 24 часа во Македонија, меѓу вкупно 25 починати во дневниот билтен. И пред три дена, од Прилеп (40г.) беше најмладиот во Македонија кој ја изгуби битката со Ковид 19.

Opsta bolnica Prilep
Од министерството за здравство, денеска информираат за уште двајца починати пациенти од Прилеп (75 и 71г). Во средата пак, на 18 ноември, меѓу 21 починат пациент во Македонија, најмладиот меѓу нив беше 40 годишен прилепчанец.
Покрај тројцата прилепчани, денеска починати се и шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).Или вкупно 25 починати лица во Македонија од последиците на корона вирусот.
Сите пациенти умреле во болнички услови.
Регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19, а во Прилеп 50. Во последните 24 часа направени биле 3109 тестирања.

Loading