ПРИЛЕПЧАНИ ЗАКАЖУВААТ, А НЕ ДОАЃААТ НА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНА

Laborantite od Zdravstveniot dom

Прилепчани закажуваат, а не доаѓаат на тестирање за корона. Од вкупно 46 закажани пациенти,  денеска на пунктот во Здравствениот дом каде се вршат брзите антигенски тестови за Ковид -19 , пристигнале  43 лица. Од нив 23 биле позитивни на тестот . И вчера,  од вкупно 46 закажани, на терминот дошле  44 пациенти. Од Здравствениот дом апелираат пациентите да ги почитуваат термините.

-Ги замолуваме пациентите кои се предомислиле, навремено да известат , како би можел друг пациент да го искористи правото на терминот за брз тест – пишува на Фб Оливера Аџиоска, директор на  ЈЗУ Здравствен Дом Прилеп.  

Третото тестирање во градов со брзите тестови за Ковид -19, започна во 8 часот, а заврши во 12ч. За 20 минути се знае дали лицето е позитивно. Се крати должината на чекањето и  детекцијата, превенцијата и терапијата кај суспектните пациенти. Резултатите одма се испраќаат кај матичните лекари.  Изведувањето  на брзите тестови  за Ковид-19 е беспрекорно организирано и го реализираат обучени  лаборанти.

Loading