За првпатво Прилеп, конвалесцентна плазма се користи за за лекување од Ковид-19. Веќе ја добија двајца пациенти на инфективното одделение пренесе МИА.
Според трансфузиологот Виолета Јованоска од одделеот за трансфузиона медицина при прилепската болница, трите единици плазма се дадени синоќа.
– За првпат синоќа на инфективното одделение се дадени три единици конвалесцентна плазма на пациенти што се на одделението. Иако е рано да се каже, но првично што ме информираа изутрината, има мало подобрување. Досега плазмата се користеше за нашите пациенти кои се на клиниките во Скопје и секаде каде беше најпотребна. Со ова и инфективното одделение се вклучува во поефикасна помош на пациентите, објаснува Јованоска.
Голем е одзивот на дарување крв за крвна плазма на оздравени пациенти. Досега се пријавиле над 150, а само во текот на вчерашниот ден 16 доброволци.
– Многу сум горда што при мојот повик да дојдат рано во 7,30 часот се одзваа доброволците. Вчера дури 16 од Прилеп и од Македонски Брод. Од нив очекувам баред 10 успешно земање конвалесцентна плазма, а ќе се радувам да бидат успешни сите 16. Инаку досега имаше преку 150 добровоци, а успешно е земена крвната плазма од 33. Еве и изутрината имавме уште еден доброволец. Ова е посебно задоволство од хуманоста на граѓаните, вели трансфузиологот Јованоска.