ГЛИЦЕРИН ДОМА

Голема е примената на глицеринот, бидејќи помога во неочекувани ситуации, штеди време, пари и нерви.

Со лицерин се чистат ,,тешки,, дамки. Само треба валканото место да се дриж еден час потопено во глицерин, а потоа да се испере во солена вода. Лесно се чисти свежата дамка од кафе или чај ако на извалканиот дел од облеката се стави смеса од глицерин и сол во однос 1:1. Штом избледи дамката, веднаш се пере на вообичаен начин, рачно или во машина.

Прашината не се таложи ако со глицерин се полира лакираниот дрвен мебел, па дури и огледалата. Се брише со глицерин излитена кожна гарнитура (јакна, чанта..,) да се врати првобитниот иглед и да личи како нова. Подот ќе сјае како нов ако паркетот или ламинатот се пребришат со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода). Наједноставен начин за сјај на косата е ако се додадат неколку капки глицерин во шампонот при секое миење. Косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Оваа вискозна супстанција ги обновува влакната и ги хидрира.

Кремот за раце со глицерин е исклучително корисен, како за ладни, така и за врели денови. Зиме ги штити рацете од студ, а лете ја ублажуваат иритацијата и јадежот на кожата. Едноставно се става малку глицерин на проблематичните и суви делови од рацете или се мијата рацете со топла вода и неколку капки глицерин.

Глицеринот брзо ја впива влагата и долго ја чува. Ако се нанесе на лицето, кожата нема да ја апсорбира, туку глицеринот ќе создаде невидлив слој, кој привлекува микроскопски молекули од вода кои се наоѓаат во воздухот и со самото ја хидрира кожата.

Глицерин се користи за нега на груба кожа на рацете, стапалата и испукани петици. По 10 дена резултатите се фантастични. Петиците ќе станат розеви, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.

Loading