ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (20)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

marul 1

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Откако го извршиле силувањето над Петра силеџиите, француските војници извршиле претрес во куќата. Под вршникот нашле една кокошка и петел. Кокошката понекогаш несела јајце. Трајана мајка на малиот Ванѓел му толчела пченица и една варено јајце, со тоа го хранела, жив да го спасат од тој хаос. Француските африкански силеџии војници ги зеле кокошката и петелот. Заминале во с. Штавица. Исто така и во Штавица како во Марул акнале по куќи за да прават ѕверства и силеџилак. Штавица селото бидејќи било надвор од зоната на фронтовските воени гранични линии било покомплетно, целосно неиселено село. Штавичани ја сватиле намерата на француските војници бандити, се организирале, ги заобиколиле и дошло до вооружен сукоб со пукотници.

На француските бандити африкански црнци одметници, местото непознато, се нашле во паника и брзо биле совладани, сосечени на парчиња со секирите и ги фрлиле во реката. Водата ги разнесла нивните делови од телата по течението на реката и за кратко време птиците мршојадци и ноќните диви ѕверови ги изеле ни трага не останало од нив. Никој ниту ги побарал или прашал за нив. Старите за џабе не велат од кол на кол, колот в …. Кој копа гроб за друг, сам влегува во него.

После од големото крварење од повредата од силовањето, Петра умрела по третиот ден. Велјан татко и од нејзината несреќа од мака умрел по нејзе на петтиот ден . Ристе војникот на фронтот му ја скршиле левата нога. Велјановци како и други фамилии во с. Марул ги фатила голема несреќа од две жртви се накачила несреќата на четири жртви од таа Светска војна 1915 – 1918 година. Не се само овие настани што се случиле во Неготино, Марул и Штавица од страна на француската војска. Ги има многу повеќе спомни вакви дела извршено силовање од страна на француските војници према незаштитениот македонски народ над женскиот пол. Како што кажуваа нашите постари родителите, дедовците и прадедовците пренесено преку пазарите кај нашиот народ внесени во нашата македонска мисла со зафатен корен кој тешко изчезнува и не треба да изчезни, тоа е дел од минатото во нашата Македонија.

Еве неколку од тие тогашни случувања:

Број 1 Земање на крмакот од Дојчиновци

Во есента, месец октомври во 1915 година марулецо Јоле Дојчиноски во местото Чуките ја ора нивата за да ја сее. Српските и бугарските војници водат војна на Веслец. Еден српски војник ранет со скршена рака одстапувал од борбата, поминал покрај орачот Јоле и го прашал, чичко дали имаш леб. Јоле како од пушка одговорил, ене идат Бугарите, ќе ти дадат леб. Српскиот војник си заминал без јолевата хуманитарна помош.

Јоле навистина бил наклонет према бугаризмот затоа што поснажниот вол од неговиот ѕевгар го викал “Бугарин” додека послабиот вол го викал “Грк”. Јоле си дошол од орање, а бугарската војска ги протерала српските војници и влегла во с. Марул. Бугарите забележале дека кај Јоле има голем крмак кој уште не бил заклан. Тројца бугарски војници го фатиле Јоле, двајца го носат под мишка, а третиот позади со пушката го откриле како голем србоман. Јоле се правда дека не е србоман, туку бугарофил. Неговото тврдење не му помогнува, го носат на стрелање. Штотуку дошле на северната страна во оревската река над неговата ограда бугарските војници како да се слизнале Јоле се ослободил и ја спраштил нагоре по реката, третиот војник испукал една пушка преку Јоле. Војниците бугарски се вратиле кај Јоле го врзале крмако со една ортома во задната нога и заминале во напад, постарите мариовски еснави, многу жени и девојки од тој крај биле силувани и останувале во несамост, во бременост. Немало лекари за помош за ослободување од несаканата бременост. Некои жени оделе кај надри лекари за помош но без стручност се дешавало до смртни случаи. За да го спасат сопствениот живот и срамот бремените жени се криеле од несаканата бременост, новороденчето го фрлале во реката Црна, го фрлале во запален оган од куп дрва или пак испечено во црепна и закопувано во непознато место. Сето ова го правеле за да ја спасат својата генетска раса и македонскиот национален идентитет.

Големиот мариовски писател Стале Попов многу значително ја опишува ближноста помеѓу жените и турските достојници големци во неговиот роден крај, а додека слабо има спомнато за силеџиството во Првата светска војна од страна на дивите африкански воени племиња извршено силеџиство над македонската жена.

Срспките власти како пријатели и сојузници со французите во Првата светска војна не му дадоа изим на Столе Попов да ја кажи вистината од страдањето на нашите македонски жени извршувано силеџиство над нив од страна на африканските диви племиња како војници во состав на француската војска во таа светска војна 1915 – 1918 година. Македонскиот народ политички не е заштитен, трпел и трпи неправдини со векови и му останува како традиција.

Исто така и вторите ослободители се однесувале недолично како што е нивната култура со лага и кражба. Сите тие работи што се случувале од нивна страна во нашите краеви денес се пренесуваат како смеа и вицеви, но тогаш биле во вистинско дејствување кој останале познат правец. Јоле ноќта си дошол со дикат, вратата ја отворил и со тивок шепот ја прашал жената си Коприна: Каде отидоа војниците? Таа му одговорила: го врзаа крмакот со ортомата на задната нога, го потераа крмакот, заминаа во непознат правец. Јоле се поосвестил и проговорил дека овие ослободители не се ништо подобри од првите.

Број 2:

Велјан Ганачо Гулабоски во амбарчето имал 200 кила пченка. Еден ден поминале двајца војници и ја прашувале Велјаница бабата Стојна ако има царевка да му позајми за да сварат кога ќе дојди нивното следовање ќе и ја вратат. Бабата Стојна му дала пченка без мера околу две кила. Војниците ја зеле пченката и си заминале. По некое извесно време дошла една група војници, десетина со една гајда за да му отсвират и испеат што им позајмил пченка кога ќе дојди нивното следовање. Војниците влегле во пондилата, ја надуле гајдата, направиле оро. Во орото го замешале да игра и Велјан. Во играта викај по Велјан: А сега дедо ситното сичкото сичкото ситното.

Додека траела веселбата некој ја видел пченката од амбарчето и низ малата врата на куќата ја изнесле надвор и веселбата престанала. Војниците си заминале. Домашните виделе после дека пченката му ја украле, ама немало што да прават, жалба не помага. По неколку дена дел од војниците отишле во Бучин, пченката ја сомелиле, направиле пченкарен леб. Му донесле леб и кај Велјановци и на Велјан му рекле: Дедо Велјан да пробаш леб од царевницата. Велјан не пробал од лебот само им рекол: Јас сум сит цел живот од леб, гледам вие дека уште од мајка неродени сте гладни, чувајте го за вас да е!        

Продолжува

Loading