РОДНИТЕ ОГНИШТА НА БАБА И ДЕДО

Југоисточно од Прилепо градо

во подножјето на Веслец брего

таму се огништата на баба и дедо

разделени едно од друго со ридо.

 

Ката лето баба и дедо одат таму,

ги посетуваат родните села, Подмол и Марул,

со роднините посети си прават,

животно за да не се заборават.

 

В црква и на гробишта одат,

на упокоените свеќи му палат,

задушница за нив тие раздаваат,

носталгијата во нив да ја смалат.

 

Овде, кога ќе се вратат,

разни новости од таму носат,

кажуваат за се и сешто,

за разделбата многу му е тешко.

 

Ангелина Велјановска

6а одд. Хјелбо школа Анеред, Гетеборг Шведска

Loading