ПОЛОВИНА ЧАС ПЛИВАЊЕ ВО МОРСКА ВОДА Е КАКО ТРИ ДЕНА ДЕТОКСИКАЦИЈА

more

Пливањето од половина час има еднаков детоксикациски ефект како тридневен пост. Пливањето во море исполнува на повеќе нивоа. Дава енергија и го активира механизмот за самоисцелување. За разлика од бањите во обична (слатка) вода од која влажноста се извлекува од телото, во морската вода солта се складира во горниот слој од кожата и ја врзува водата за себе, со што í помага на кожата да создаде природен заштитен слој и го спречува исушувањето. При пливањето во морска вода, по пат на осмоза, телото ги испушта токсините, а ги впива минералите од водата, со што се воспоставува добра рН вредност на кожата.

Какво треба да биде однесувањето да се искористи морскиот благодет?

Кога се плива во морска вода, се легнува и се лебди на површината. Доколку е можно, тоа се прави каде нема многу луѓе да се почувствува тишината и смирувачкиот шум на брановите. Пожелно е лебдењето да биде подолго. Првин можеби се слушаат само неконтролираните мисли кои се префрлаат од тема на тема, додека дојде проблемот што вознемирува. Кога ќе се заврши овој внатрешен самоговор, настапува мир и спокојство. Умот се прочистува од сите негативни мисли. Докажано е дека лебдењето во солена вода помага во редуцирање на стресот, намалувајќи го нивото на хормонот на стресот, а со тоа и високиот крвен притисок. Лебдењето помага во ублажување на болки и лекување на ревматоиден артритис, мигрени, ПМС симптоми, анксиозност и депресија.

Loading