ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ПРИРОДЕН МЕД

med

Поради желбата за поголем профит, распространет е вештачкиот мед на пазарот. Еве неколку за трикови за препознавање на природниот мед.

Читањето на составот на теглата е чекор кој помага при избор на квалитетен чист мед, кој во себе не содржи адитиви. Произведувачите мора да го назначат составот на медот и неговиот процент.

Природниот мед не е леплив. Се тестира со протривање на малку мед низ прстите. Вистинскиот треба да се впие во кожата. Доколку масата со триење станува леплива, значи дека медот содржи шеќер или засладувачи.

Неколку лажици мед се ставаат во сад и потоа се греат на висока температура. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, а лажниот ќе стане пенаст и преполн со меурчиња.

Се ставаат неколку капки мед на салфетка. Доколку медот по некое време не ја пробие хартијата, значи дека е чист. Оној кој содржи вода, ја продупчува салфетката за неколку секунди.

Ако мравките побегнат кога има мед во нивна близина, значи дека е природен.

Водата измешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот. Чистиот мед во вода паѓа на дното од чашата и се згрутчува, а лажниот се топи.

Чистиот мед предизвикува боцкање во устата, додека лажниот нема такво дејство врз непцата.

Loading