ДИЕТА ПРОТИВ ПОКАЧЕН ШЕЌЕР

Ако сте често жедни, необично уморни или често мокрите, проверете  го нивото на шеќерот во крвта. Ако е висок, еве како брзо да го вратите во нормала.

Милиони луѓе имаат висок шеќер, а многумина не се свесни. Со обичен преглед стигнува лошата вест дека имате покачен шеќер во крвта. Со стареењето повеќе се покачува и доведува до дијабетес тип 2 – состојба која се нарекува и предијабетес.

Американски лекар открива начин на исхрана кој помога во регулирање на тежината и шеќерот во крвта. Препорачува исфрлање на шеќерот и белите намирници. Итна елиминација на слатките закуски, пијалаци и десерти. Дозволени се во мали количества само еднаш до двапати седмично, дури и поретко. Најдобра замени за шеќер е отргнување од слатката зависност. Треба да се сведат на минимум или целосно да се елиминираат белите намирници богати со скроб, леб, тестенини, компир и ориз. Нужна е заштита од ,,црните замени,,, бидејќи имаат мала количина диетални влакна. Интегралниот ориз е добар, но во црниот леб се додава шеќер. Земајте пченица, интегрален рж и јачмен и див ориз. Леќата и гравот се здрави и заситуваат, но оганичено. Јајцата се подобри од корнфлексот и снегулките. Се одбегнуваат готови житарки за појадок, бидејќи се полни со шеќер. Овесните се добри, но не смеат да бидат инстант. Полномасниот јогурт е добар избор. Може со јагоди, боровинки, малини или малку јаткасти плодови.

Докторот советува денот да почне со јајца, варени или бланширани за кајгана или омлет. Тие даваат ситост повеќе отколку снегулки или тостиран леб. Јајцата се најдобри комбинирани со парче чаден лосос или печурки. За ужина одличен избор се јаткастите плодови како извор на протеини и диетални влакна. Се одбегнуваат солените и зашеќерените варијанти. Здрави се маслата наместо маргаринот. Освен сина риба, лосос, туна и скуша, се консумира повеќе маслиново масло. Тоа дава подобар вкус и ја подобрува апсорпцијата на витамините. За готвење пожелно е да се користи маслиново, кокосово или масло од репка. Подобар е путерот од  маргаринот. Прифатливо е и сирењето во умерени количества. Протеини кои слободно може да се јадат варени се од пилешки, мисиркини, свински, говедски, и секако јајцата. Неограничено количество на свеж зеленчук во разни бои, од спанаќ, па до силноцрвените и жолти пиперки. За вкус и зачин е добар лимон, путер, маслиново масло, сол, црн пипер, лук, чили. Од друга страна нужно е одбегнување на поголеми количества слатко овошје, ананас, диња и банана, бидејќи се преполни со шеќер.

Loading