СИРУП ОД КОПРИВА ПРОТИВ БУБРЕЖНИ БОЛКИ

kopriva

Копривата спаѓа меѓу најздравите достапни билки. Корисна е за лекување на голем број заболувања, особено бубрежни болести и слабокрвност.

Да се приготви сируп од коприва се потребни 120 врвови од коприва, 6 литри вода, 2 поголеми лимони, излупени и исечкани на коцки, 1 кг. шеќер и 120 г. лимонска киселина.

Копривата и лимоните се ставаат во водата, да отстојат 24 часа. Потоа се прецедува смесата. Се додава шеќерот и се меша на тивок оган додека да се растопи. Кога ќе се излади, се додава лимонската киселина, и повторно се промешува.

Сирупот се префрла во стаклени шишиња и е спремен за пиење.

Loading