ЗАЧИН ОД КУЈНАТА ЈА СПРЕЧУВА И НАЈУПОРНАТА КАШЛИЦА

Алтернативна медицина

Lek za kaslica

Сувата и продолжена кашлица во ова време од годината е честа кај многу луѓе. Различни сирупи и таблети може да го спречат кашлањето брзо, но за постојана профилакса, може да побарате природна заштита во кујната – ловоров лист. Се што треба за да направите сируп од ловоров листкој ја спречува дури и најупорната кашлица е шест лисја, 2,5 литри вода, шест лажици шеќер и лимон. Подготовката на сируп започнува со додавање на вода во сад за зовривање. Потоа додадете ги лисјата и нека врие шест до десет минути. Потоа, истурете ја течноста во друг сад и  додадете шеќер и лимон. Промешајте добро и почекајте шеќерот да се стопи. Земајте го овој пијалок неколку пати на ден. Може да земете една лажица секој пат кога ќе добиете тешки напади на кашлање.

Овој домашен сируп може да го чувате во фрижидер неколку дена. Имено, листовите се богати со многу минерали и витамин Б. Благодарение на одличниот антисептички и антиинфламаторски ефект, тоа е одличен избор и заштита на имунитетот. Ловоровиот лист долго време се користи како лек. Билката помага да се подобри функционирањето на нервниот и мускулниот систем, што позитивно влијае на метаболизмот и хормоналниот статус. Овој чај се користи и за третман на болести на дигестивните органи, анорексија, губење на апетит, шеќерна болест, грип, настинки и други болести.

Loading