ВИТАМИН КОЈ МОЖЕ ДА МУ ШТЕТИ НА ЗДРАВЈЕТО

Витаминот Д е познат и како витамин на сонцето, бидејќи нашето тело го произведува при излагање на кожата на сончеви зраци. Недостатокот на таква можност во зимските месеци ги наведува многу луѓе да го внесуваат овој витамин на вештачки начин да му обезбедат на телото доволно количество од овој витамин.

Експертите предупредуваат дека земањето на дополнително количество од витаминот Д не само што не е добра идеја, туку може да биде и доста опасно. Иако опаѓа нивото на витаминот Д на зима, суплементите би требало да ги земаат само со консултација со доктор. Лекарите се на становиште дека премногу консумирање на витаминот Д може да предизвика и прекумерна жед, поголема потреба за мокрење, мачнина и слабост.

Некои од природните извори на витаминот Д се мрсна риба, маст, црвено месо, џигер и млечни производи. Покрај исхраната богата со продукти кои содржат големо количество на витаминот Д, стручнаците советуваат и прошетка за време на сончевите денови во зима.

Недостатокот влијае на слабеење на коските и може да предизика остеопороза.

Loading