МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (7)

Фељтон: Белешките на Томе Велјановски

Screenshot 1

– Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Вељановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.

Број 5: Жени вдовици и девојки од Марул кои зеле домазети

12. Драган Димоски дојде домазет од с. Бонче за Богданоска Јанкоска Најденка во с. Марул во 1953 г. Богдан Јанкоски Ѓорчев беше голем работлив и имотлија човек. Спрема членовите на семејството го сметаа за најбогат во Средно Маало, Втора бригада. Имаше садено преку 15 јасики по реките во 1919 г. Половината од нив и ден денес стојат во Ореовската река со многу дебели стебла и дебели и раширени гранки. За времето во колективот, Богдан работеше со тројца аргати, тој и ќерќи му Најденка и Драгана. Многу надници, поени собираа. Во март 1952 г. Богдан се качи на една јасика во Средна Река за да ја режи што ја садел во 1919 г. Гредите многу дебели, пресечувајќи ја првата гранка, таа заплеткана горе во врвот во другите гранки, се врати назад коренот на гредата и го зафати Богдан, го стегна меѓу другите гранки и падна на северозападната страна. Насобраните марулски мажи го извадија Богдан од под гредата. Го товарија на Јанкоската запрежна кола да го носат на лекар. По кратко време Богдан им подлегна на раните. Ќерки му Најденка и Трајанка една година се печеа в поле со црни алишта, жалејќи го татко си Богдан. Откако наполни Богдан една година од смртта, во 1953 г. кај Богдановци се слушна радосна вест дека Најденка се свршила за момчето Драган Димоски од с. Бонче. Ќе го земат за домазет, желбата на Богданица Крста и се исполни: За Наца моја, сакам момче од Бонче! Бончани го донесоја Драган кај Богдановци и направија веселба. Младоженците Драган и Најденка се венчаа во бонечката црква. Во април 1953 г. се расформира селската задруга, колективот, а бабата Богданица одеше цела пролет на орање со Драган да му ги покаже нивите. Драган кај Богдановци најде два ѕевгари волови. На Марулци, Драган им беше познат со ѕидањето на марулските куќи од Јончета и од Степана. Со доаѓањето на Драган за домазет ништо не се измени вредноста на богданскиот имот. Драган беше голем планџија, поготово во мајсторството со ѕидање. Драган кај Богдановци направи повеќе ѕидани објекти на своја рака од носените купови камења од страна на Богдан. Во 1956 г. Ристе Дамјаноски правеше куќа и ја купи јасиката што се отепа Богдан и ја пресече од корен. Нас децата не спаси од страв. Драган и Најденка изгледаа три деца, сите ги удомија. Во пролетта 1973 г. се иселија во Прилеп. Сега двајцата се покојни. Најденка 1932-1987, Драган 1929-2016 г.

Број 6:

Домазети, вдовци и ергени појдени од с. Марул во други населени места

1. Гулабоски Гулабов Младен, ерген, отишол домазет кај Џамовци во с. Прилепец. Некаде во 1810 г. ергенот Гулабоски Младен од с. Марул отишол на гости на верскиот празник Велигден кај своите роднини Џинговци денес Јаковчевци во с. Чумово, бидејќи мајка му Петра била од таму. Јаковчевци, Велковци и Аџиовци биле деленици, а дали тогаш биле во заедница не е познато. Младиот ерген Младен на возраст од 20 години на сред селото со неговата убавина и талентираност за гајдаџија, песнаџија и ораџија голема привлечност добил од една џамоска фамилија од с. Прилепец која немала машка челад и го побарале за домазет за нивната единствена ќерка. Младен се сретнал со девојката, засега името и е  непознато, и си дал збор да оди домазет за џамоската мома. Младен ја напуштил родната куќа во Марул, ги напуштил таткото Гулаб и братот Божин и се преселил кај Џамовци во  Прилепец. Младен Гулабоски и џамоската жена домазетица ги родиле Димитрија, Саботка и Трајко. Од Димитрија нема потомство. Од Саботка потомството не се прикажува. Трајковото потомство ќе биди овде прикажано, односно од синовите на Гулаб ќе бидат прикажани. Гулаб, Божин, Ристе, Петра, Велјан, Ристе, Ванѓел, Петра, Жарко, Никола, Гулаб, Младен, Трајко, Атанас, Тодор, Анасто, Борис, Валентина, Фросина, Давор.

Ова е само мал пример од потомството на Гулаб Марулски. Гулаб е првиот човек погребан во марулската црква во 1860 г.

Видан Даша од с. Марул отишол домазет кај Славковци во с. Бонче. Петре Даша имал пет деца, четири женски и едно машко. Петре ќерките ги омажил во Марул. Магда ја омажил за Огне Гулабоски. Една со име непознато за Тодор Козаро во с. Тополчани. Откако се омажиле ќерките, за кратко време умреле родителите. Видан останал сам. Свој имот немал, бил момок кај беговите Утоски. На Видан му излегла прилика и отишол домазет кај Славковци во с. Бонче. Името на неговата жена не е познато. Видан со Славковската жена домазетица имале две деца Доста и Роса. Виданица се разболела и умрела. Видан ги зел децата со него и отишол домазет кај Димевци во с. Црничани за тамошна вдовица без потомство. После една година престој во с. Црничани се разболела неговата жена и умрела. Видан Дашо си ги зел децата, се вратил на старото место кај Славковци во Бонче. Ја поправил куќата, ги разорал нивите, се закрепил. Децата му пораснале. За постарата ќерка Доста зел домазет Анѓеле од с. Гуѓаково. Помалата ќерка Роса ја омажил за Петко Бозгески во с. Штавица. Покасно се иселиле во Прилеп. Видан бил српски и бугарски војник во Првата светска војна 1915-1918 г. Ја преживеал војната. Видан Даша умре кај ќерка си Доста во с. Бонче во постари години.   

Loading