МАРИЈА БУНДА РАСПАЛИ НА ОХРИД ФЕСТ

bundaМарија Јованоска позната како Марија Бунда, со нејзината нова песна “Нека гори” распали на Охрид фест, закитувајќи се со награда за најдобар аранжман. Преокупација í е медицината, ама и низ вените í тече страст за пеење. Со новата композиција, создадена за неа, ја покажа жестоката жена која знае што заслужува.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

muzikaПред две години освои златна плакета на Макфест со песната “Не ме познаваш”. Воодушеви и на хрватскиот фестивал “Вечери на далматинските шансони”. 

Ова е трето дело на 24-годишната Јованоска, која е на студиски престој во Холандија да го реализира завршниот чекор од студирањето на медицинскиот факултет во Скопје.

Loading