Ука покрај црква

Milina park pred sto godini kaj Stara crkvaВо градот со “мирис на турцизам”, сиромаштија и немири во 1838 година никнала црквата Свето Благовештение, која ја викаме Стара црква. Храмот бил изграден од занаетчии и чорбаџии и тутунскиот еснаф. Голем е 32 метри, широк 26 метри и висок шест метри. Ред по ред бигорлив делкан варовник и олтар се издигнал храмот. Паралелно со црквата се изградила и митрополијата.

Црквата е декорирана со вредна иконографија. Иконостасот од ореово дрво, е долг 16 метри. За тригодишното вајање, на мајсторот Петар Гарка му биле платени околу илјада турски лири. Црквата располага со над 180 икони и единствен вреден владички стол висок пет метри.

Фотографијата ја доловува околината со парк со зелена жива ограда и тревници меѓу Бабанеделиното училиште или женското училиште од 1865 година и храмот. Просторот денес е облагороден со парк, клупи и нишалки.

Во близина било училиштето “Свети Кирил и Методиј”. Под влијание на бугарската и грчката пропаганда, предавале преродбениците Џинот, Прличев, Груев, Тошев, Жинзифов, Миладинов и други… Во околината вирееле најголемо ореово дрво и високи тополи за “прочистување” на душата на прилепчани.  

Loading