Двојник на Штербик

Марјан Момироски

Kako bliznaci - Sterbik i MomiroskiРакометниот голман од Вардар со светски квалитет, Арпад Штербик има двојник во градов, Марјан Момироски, инкасатор во Кабелнет. Во средата вечерта, на мечот со Прилеп, тој беше присутен во Универзална да се види со исто лице во две тела. Како да се близнаци. Многумина ја забележуваат неверојатната сличност во изгледот на двајцата.

– Откога лани го зеде Вардар, неретко ми се случува да ја види некој сличноста, кога одам низ градов службено. Пред некој ден едно дете свика по дедо му “Еве го Штербик!” – вели Момироски, кој порано бил голман на 11 Октомври.

Loading