“ИЗГРЕВ” ДОНИРА ДЕТСКИ РЕКВИЗИТИ

Бесплатна објава

Во Кривогаштани

Американци од здружението “Изгрев” ќе донираат детски рекреативни реквизити за дворот на градинката “Весело штркче” во Кривогаштани. Веќе се поставени темелите за рекреативните содржини и во текот на наредните денови ќе бидат донесени и монтирани. Реквизитите ќе ја збогатат можноста за забава и игра во сончевите денови и ќе придонесат за безбедна физичка активност на децата згрижени во предучилишната установа.

И американското здружение Самаританс Пјурс, на најмалите ќе им подели пакетчиња со боички, боенки и играчки, подготвени од дечињата од Америка за врсниците од Македонија.

Loading