СТОБИ ФЛИПС – БРЕНД КОЈ ОСВОЈУВА

I-Amerikancite--,,pagaat,,-na-Stobi-flipsСтоби флипс, првата вкусна крцкава ужинка за сите генерации, заземајќи го второто место е само еден чекор до врвот на листата на најмоќните македонски брендови. Тоа е утврдено според препознатливоста на брендот, лојалноста на купувачите, перцепираниот квалитет и асоцијациите врзани за брендот. Витаминка секогаш успева да пробие врвен квалитет на своите производите кои се едни од омилените, не само на нашите, туку и на светските пазари. Милијарди и милијарди кесички Стоби флипс се производени, а ниту една од нив не го изгубила неодоливиот вкус на кикиритки, за првпат создадени во 1978 година. И амбалажата им е речиси непроменета низ годините, задржувајќи ја препознатливоста, која како да е врежана и во потсвеста на конзументите.

Од 2003 година, Витаминка ја збогати понудата на вкусови под истиот бренд, создавајќи вкус на пица и сирење. А подоцна ги почести верните потрошувачи и со подбрендовите Стоби рингс и Стоби стикс, а секако не изостануваат и Чоко стоби флипс. 

Loading