На 31 декември на плоштадот Методија Андонов Ченто
Прилепчани со познати музички имиња заеднички ќе ја дочекаат Новата година на плоштадот “Методија Андонов Ченто”. Ќе биде организирана и наградна игра со талони по симбилична цена од 10 денари, а среќните добитници ќе добијат мотор, велосипед и телевизор. Средствата кои ќе бидат собрани ќе се наменат за изградба на камбанаријата на црквата Св. Петка во населбата Точила.
Прославата на плоштадот ќе започне во 11 часот напладне со програма за најмладите. Вечерната програма ќе започне во 21 часот со настапот на познати музички имиња меќу кои и незаменливата Блага Петреска.
Жителите на Кривогаштани, ќе влезат во 2015 година со Маид Хечимовиќ.