ДОАЃА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Ракомет

После дербито и спектаклот пред 2000 гледачи со Зомимак (23-26) следи уште еден интересен меч на суперлигашот Прилеп. В сабота (17 ч.) во салата на СОУ “Р. Р. Ричко” противник на пријателски, тест меч е Младата репрезентација на Македонија до 21 година. За Прилеп нема да настапи Златко Мојсоски кој со сениорската репрезентација се подготвува за Светското во Катар. Во составот на Младата селекција е бекот Јован Талевски. 

Loading