ДЕВEТДЕЦЕНИСКИ РОДЕНДЕН НА ЗЛАТОВРВ

Podmladokot gordost vo ZlatovrvНајстариот планинарскиот спортски клуб во земјава Златоврв, во библиотеката го славеше 90. роденден и девет децении планинарство во Македонија. Покрај историјатот беа претставени специјализираните активности во спортско качување, спелеолошкиот и ориентациониот клуб. Никола Вуковиќ, Никола Топчиоски, Душан Качкиноски, Кирил Дрзманоски и Пеце Атанасоски (постхумно) добија плакети за траен придонес во развојот на клубот. А пофалници им се доделени на Марио Котески, Елеонора Кржеска, Влатко Попантоски, Стефанија Перканоска, Александра Славкоска и Дарко Неданоски. Љубителите на планините од повеќе генерации се заблагодарија на повеќе фирми за поддршката.

Група студенти, млади занатчии и работници го основале ПСК Златоврв во 1924 година. Дружината ја привлекла во редовите и градската авангарда, дури клубот бил гнездо на револуционерни идеи. Членови биле Ченто, Питу, Тарцан, Даре Џамбаз, Мирче Ацев…   

Loading