ЗИМСКИ ГУМИ ИЛИ СИНЏИРИ ЗА ВОЗЕЊЕ БЕЗ КАЗНА

Возачите на моторни возила од 15 ноември нужно е да поседуваат зимска опрема надвор од населени места. Зимска опрема на возилата под 3.500 кг. се зимски пневматици, гуми, на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. и гуми со летен профил со длабочина на нагазниот слој со минимум од 4 мм., ако возилото поседува синџири за снег. Зимска опрема за возилата со погон на четирите тркала (4х4) се гуми на сите четири тркала со минимум на шарите од 6 мм. и гуми со летен профил со минимум 4 мм., ако возилото поседува синџири за снег.

Зимски пневматици се оние кои на својето лице имаат ознака MS, M+S, М&С и знак на снегулка или  стилизирана планина со три врва.

Обврската за зимска опрема важи до 15 март 2015 година.

За непоседување на зимска опрема предвидена е глоба од 15 евра во денарска противредност или 10 негативни поени во возачката книшка.

Loading