ПРЕМИЕРА НА “АНГЕЛ”

Младинско драмско студио

“Ангел” од Ларсон, во режија на Гоце Саздано е претставата која Младинското драмско студио “Театар 4 Студио 5” при ЦК “Марко Цепенков”, премиерно ќе ја прикаже во среда на 12 ноември.

Претставата е наменета за најмладата популација и допира теми на нивните преокупации. Претендира да ја развие љубовта кон театарот кај младите.

– Преку духот на 50 години, младите аматери актери ќе се обидат да ја раскажат приказната за Пеги и нејзината мисија – вели режисерот.

Кореографијата е на Климентина Трајческа, а во претставата играат Емилија Чавлеска, Давид Папазовски, Теодора Трајческа, Борче Василески, Надица Дојкоска, Филип Димчески, Стефанија Стефаноска, Андреј Стефаноски и Христијан Стојковски.

Loading