ИСЧЕЗНАА КОЊИТЕ ОД ПОД СААТ

Nekogas mesto za konji, denes mesto za raat pod saatГрадскиот саат дошол на местото од дрвената кула која изгорела во пожар. Градски е оти е салам в центар, во срцето на чаршијата. Новиов џангарак се родил од 1858 година и е камен јак, висок дури 38 м. Постар е само една година од прочуениот Биг-Бен во Лондон. Често дури го викаат и “натопорениот”, оти бил симбол за исправеност.

Околината била со дуќанчиња, а потоа запоставена, препуштена на коњите, кои често тука иделе да пасат трева. Им се чинела повкусна, асли градска. А стопанот нивни не бил виновен, туку оној го фатил токму овој момент на оваа фотографија.

Оставениот саат на милост и немилост на времето, сепак куртулил, оти на граѓаните им дошол умот. Саат кулата е реконструирана, запрено е навалувањето и електронски е курдисан да го мери времето, а паркот околу е дотеран.

Loading