ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА БЕРБЕРИТЕ И ФРИЗЕРИТЕ

Sirokogradi berberi i frizeriБерберите и фризерите организираа донаторска забава за собирање средства за доизградба на црквата Св. Петка. Со дружење се донираа најмалку 100 денари за пијалокот кој еснафот и муштериите го пиеја заедно на хуманитарната манифестација. Се наддаваше и на производи од визбата Пирган, Макспринт, Иго-Пер метал, Урбан Акцесорис и Спреј ПеинтАрт Велјо. 

– Преку забава да бидеме во контакт со клиентите во друг стил и да помогнеме во доизградбата на црквата Св. Петка. Заедно постигнавме повеќе – вели Жарко Иваноски, претседателот.

Пред две години еснафот на берберите и фризерите нудеа бесплатни услуги, а средствата ги насочија за изградба на опожарениот манастирски комплекс Трескавец.

Loading