ТРОЈЦА ЏИПМАЈСТОРИ СО МЕДАЛИ

Крос рели во Струмица

Majstori za kros reliЧупаркоски, Николоски и Милошески се вратија со три медали од меѓународната трка на теренски возила “Струмица крос рели”. Меѓу 40 возачи на џипови, Панче Чупаркоски ја мина за најкусо можно време кружната патека низ коритото на реката Тркања. Управувајќи го вешто својот Нисан Патрол, триумфираше и се качи на тронот во категоријата теренци до 2500 см3. До 3000 см3, Миле Николоски, за неколку секунди, не успеа да биде прв. Втората позиција ја зазеде со Нисан Патрол со помоќен мотор. И на градите на Владимир Милошески – Лало блесна бронзен медал, освојувајќи го третото место во категоријата до 2000 см3 со Опел Фронтера.

Тројцата возачи се дел од дваесетината “фанатици” по теренските возења околу градов. 

Loading