ТРИУМФ НА ЃУРИЧАНИН

Прв младински музички фестивал ,,Cover Fest”

Bez trema pred nastapot, ucesnicite na Cover festАпсолутен победник на првиот младински музички фестивал ,,Cover Fest”  беше Ангела Ѓуричанин со изведбата на песните “Listen” od Beyonce и “Бато” од Калиопи. За освоеното прво место од жирито, доби авторска песна од Игор Џамбазов, а наградата од публиката и донесе песна од уметничкиот директор на фестивалот, Душко Темелкоски во соработка со Р-мјузик студио.

Во полната сала на ЦК “Марко Цепенко”, второ и трето пласираните од жирито и публиката, Теодора Зероска и Озген Сулејманоски, како и Марио Ангелевски и Михаела Пееска, добија снимање на песна во кавер верзија. Учествуваа 14 млади уметници, не постари од 21 година.

Loading