ПОХОД НА СААТ КУЛАТА

Прилеп беше домаќин на болдеристи

Bolderisti na krstotНе само на карпите на локалитетите Маркови Кули, Камена баба и Трескавец, болдеристите се икачија и на Саат кулата. Освен што го креваа адреналинот искачувајќи се по карпите, неколкуте стотици вљубеници во екстремниот спорт, се воодушевуваа во убавините и амбиентот во градов. Во намерата  да го овековечат природниот терен погоден за пентерење, правеа и видео запис. Во моментот кога мобилната камера се заглави во конструкцијата на металниот крст кој се наоѓа на саатот, дел од учесниците на странскиот екипаж беа приморани да се искачат на врвот на прилепската гордост и да ја сметнат електронската направа. Го документираа качувањето до врвот. На видео клипот на интернет, љубопитните може да видат како изгледа и внатрешноста на саатот и скалите.

Искачувањето на 38 метри високата кула дење-напладне и тоа до највисоката точка од саатот, кај повеќето прилепчани предизвика интерес. Гледаа сеир, а странците покажаа дека се “топ” подготвени не само за качување по карпи, туку и на високи кули.

Болдеринг купот започна од Романија, Бугарија, па Македонија поточно Прилеп, а потоа качувачите се упатија за Грција – Метеори од каде продолжуваат за Анталија – Турција.       

Loading