КАЧУВАЊЕ НА ЉУБОТЕН КАКО ПО СКАЛА

Padna i najstrmniot makedonski vrvТриесетина планинари од Картуш успеаја да го освојат најстрмниот македонски врв на Шар Планина, Љуботен. Такаречи се качуваа по стрмнините со часови, небаре се пентереа на скали низ прекрасната дивина, недопрена често од човечка рака. Висинската разлика од над 1600 метри ја совладале, тргнувајќи од Старо Село на околу 900 метри надморска височина. Со мотивот за триумф, не се гледаа многу опасностите што демнат од сите страни. Тоа за некого е товар, а за планинарите задоволство. Невиден ќеф е напрегањето низ козјите возбудливи патеки од 20 километри, зашто патешествието водело кон облаците, на врвот Љуботен, на 2499 метри. За мераклиите на планините предизвикувачки е вториот по височина врв на Шара, оти тој бара волја, енергчност и внимателност.

Планинарите веќе ги “кутнаа” бугарските врвови Мусала и Вихрен и им претстои поход за Кораб.  

Loading