МЛАДОЖЕНЦИ – ПРИЛЕПЧАНИТЕ ЈОВАНОСКИ

На Мариовската етно – свадба во Новаци

Etno vencavka potsetnik na minatoto - Jovanoski i gradonacalnikot  KotevskiПрилепчаните Бранко (54) и Сузана (46) Јованоски, по 20 години граѓански брак, решија да се венчаат и да стават венец на главата. Тие беа главните актери на тридневната етно венчавка, која според мариовските адети се одржа во Новаци. Во традиционални носии, зетот и невестата ги демонстрираа сите адети, од канење сватови, забричување на зетот, одење по невеста, возење во чеза, па сé до венчавањето во храмот Свети Атанасиј и заедничката веселба.

Младенците аплицирале за проектот “Етно свадба”, што веќе пет години се негува во регионот, а овојпат според мариовската традиција.

– Сакавме да го овековечиме нашиот брак, односно да се венчаме со сопругата. Порано такви беа времињата и воспитувањето, па останавме невенчани. Тоа ни тежеше на душата и сакавме да го извршиме тој православен чин. Го видовме огласот и се пријавивме. Познаваме многу други луѓе кои стапиле во брак, а останале невенчани – рече зетот Бранко Јованоски.

Мариовската свадба траеше три дена, а нунко беше градоначалникот Лазар Котевски.

Loading