ПЕРНИЦИ И КНИГИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

По повод јубилејот – 10 години Комфи Ангел

Nasmevka na starite lica predizvika Comfi angelПерници за лесен сон и книги за разбивање на монотонијата добија штитениците на Домот за стари лица “Киро Крстески Платник”. Донацијата е вториот настан во циклусот на општествено – одговорни случувања по повод јубилејот – 10 години од постоење на компанијата Комфи Ангел. Во партнерски однос со градската библиотека Борка Талески, вработените од Комфи Ангел им ја доделија донацијата на станарите од домот предизвикувајќи насмевка и задоволство на нивните лица. Во миговите на заедничка дружба беа прочитани неколку раскази и поезија од Блаже Конески во изведба на актерот Игор Трпчески. На станарите во домот им посакаа мирни пензионерски денови исполнети со здравје и спокој.     

Loading