ВЕЗ НА ГИТАРИ

Virtuozi na gitara - Neskoski i PejcinoskiДамјан Пејчиноски и Давид Нешкоски имаа спектакуларен концерт под отворено небо.  Со ритамот и виртуозните изведби на гитарите ја запалија и ја загреаа публиката во студената ноќ.

Концертот го крстија, “Гуитарс Унитед”, што значи обединување на културата на рок музиката, но и на вреднувањето на музичарите како амбасадори во целиот свет.

– Изненаден бев од приемот. Не верував дека Прилеп има толку многу поклоници на рокот, толку многу љубители на нашиот музички жанр – изјави Нешкоски.

– Бев почестен од идејата за учество на “учителското” предавање на сцената со Нешкоски, бидејќи сцената нé учи за однос кон публиката. Се надевам дека ваквите концерти ќе прераснат во фестивали, на кои ќе се изразат сите, кои тоа го посакуваат – рече Пејчиноски.        

Loading