КУЌА ЗА СПОРТ И ПРОСЛАВИ

Gradbata na univerzalnata sala pred poveke od cetiri deceniiСе огласи џангарак, абер  стигна од  Тутунскиот комбинат пред 41 години. За едновековното постоење,  во 1973 година, Монополот се пушти во градежен поход. Се распослаа булук машини и работници, да се гради асли високо и големо здание за спорт и за слави. Тоа беше Универзалната сала, сега што ја прекрстија во арена “Сонце”.

Блиску до чаршијата и “залепена” до Комбинатот, салата беше  прво огромно “куќиште” за развој на спортот под покрив. Но, и за други приредби. Спортистите ја дочекаа како спортски храм, а граѓаните за дом за секакви манифестации. Вработените ја имаа за рекреација. Шуќур! За атер на сите спортисти и кулктурни работници, но и за тогашната работничка класа, се создаде амбиент за раат да се играат натпревари во ракомет, одбојка, кошарка, да се делат мегдани во џудо, карате…, да пеат ЈУ интерпретатори, да се журка младината, да скокаат и вежбаат и пролетери, дури да се слави Нова година .

Бујрум! Нека скандира публика да се треси цела сала. Лезет за сечија душа. Се стори сиктер од бури, ветришта и дождови под закрилата на новата сала.          

Loading